24фудбал

И Шкупи елиминиран од Лига Европа, Пјуник триумфираше во Скопје со 2-1

И третиот преставник на Македонија во Лига Европа се сопна уште во првото коло, Пјуник вечерва со 2-1 триумфираше во Скопје и го елиминираше Шкупи.

Македонија

Катастрофално лето за нашите клубови во Европа. По Македонија ЃП и Академија Пандев, вечерва елиминација доживеа и Шкупи. Чаирчани имаа најголеми шанси за прогрес во втората рунда од квалификациите откако минатата недела се изборија за реми од 3-3 на гостувањето во Ерменија.

По половина час игра следуваше нов гол за гостите, Миранјан ја дуплираше предноста и го стави Шкупи пред тешка мисија во продолжението од мечот.

Сепак, избраниците на Умит Каран вечерва капитулираа на домашен терен и загубија со 1-2. Пјуник рано дојде во водство, Једигарјан испрати проектил од 30 метри и ја затресе мрежата на чаирчани.

Домаќините сепак успеаја да ја дигнат публиката на нозе, Јурина реализираше за 1-2 во 82. минута и ја врати надежта. Сепак, само 120 секунди подоцна Сержињо заработи црвен, па Шкупи со играч помалку во завршницата не успеа да направи кам-бек и се прости од настапот во Европа.