24фудбал

Отворен случај „Гризман“ против Барса, ќе доплаќаат ли „каталонците“ уште 80 милиони евра?

Фудбалската федерација на Шпанија отворила случај „Гризман“ по поплаките од Атлетико Мадрид, ќе се разгледува дали Барселона се однесувала коректно при ангажманот на Французинот.

Шпанија

Минатата недела Антоан Гризман конечно потпиша за „каталонците“ откако неговиот адвокат во канцелариите на Ла Лига ја активираше откупната клаузула од 120 милиони евра.

Веднаш потоа се огласи и Атлетико, „колчонероси“ соопштија дека оваа сума не е доволна и најавија правна разврска на целиот случај. Клубот од „Ванда Метрополитано“ верува дека Барселона и Французинот се договориле уште во март кога откупната клаузула на напаѓачот изнесувала 200 милиони евра, првиот човек Енрике Серезо изјави дека за ова имаат докази, па затоа бараат да бидат доплатени уште 80 милиони евра.

Медиумите сега пренесуваат дека Фудбалската федерација на Шпанија отворила случај „Гризман“ по поплаките од Мадрид и ќе се разгледува дали Барселона се однесувала коректно при ангажманот на Французинот.

Се очекува во следните денови да биде донесена одлука дали клубот од Камп Ноу ќе биде санкциониран.