24фудбал

Конте го искритикува Перишиќ, си оди ли Хрватот од Интер?

Интер одигра лош натпревар против Манчестер јунајтед, а на мета на Конте по мечот се најде Иван Перишиќ.

Италија

Иван Перишиќ го играше второто полувреме од дуелот на Интер против Манчестер јунајтед во кој италијанскиот тим покажа многу малку, загуби со 1-0, а можеше и поубедливо.

„Работиме, но одговорот досега не е позитивен“, изјави Конте по мечот.

„Не мислам дека Перишиќ може да ја одработи улогата која ја барам од него, па сега единствено место на кое може да игра е напред“.

„Од друга страна Далберт одигра многу добро по левата страна и работи навистина напорно. Знаевме дека ќе ни биде тешко во овој меч и подготовките генерално, имаме многу работа за реализирање, а малку време да се фокусираме на тренинзите“.

Според италијанските медиуми оваа изјава на Конте значи дека Перишиќ може да си оди од Интер. Тие го ставаат во „кош“ со Мауро Икарди и Раџа Наинголан кои исто така имаат проблеми.

На излезна врата е и Борха Валеро кој е во напредни преговори со Фиорентина за враќање во Фиренца каде што е легенда.