24фудбал

Фудбалер на Севиља го претера, со безобразен старт покоси млад играч на Ливерпул (ВИДЕО)

Францускиот фудбалер на Севиља, Жорис Њењо направи недоличен старт врз младиот играч на Ливерпул, Јасер Лароучи за кој доби директен црвен картон.

Англија

Пријателскиот натпревар меѓу Севља и Ливерпул изобилуваше и со груби стартови, а во центарот на вниманието е Жорис Њањо.

Тој буквално со сета сила го шутна младиот Јасер Лароучи кој мораше да го напушти натпреварот поради силината на ударот. Стадионот го напуштил на патерици, но првичните информации се дека повредата сепак не е премногу сериозна.

По натпреварот на својот твитер профил, Њањо се извини. Тој напиша: „Би сакал јавно да му се извинам на Ливерпул, на фамилијата на фудбалерот и на навивачите. Ова беше ужасен потег од моја страна. Без разлика на причината, ова е нешто кое не смее да се гледа на теренот. Сите мои молитви се со играчот и неговата фамилија“.