24фудбал

Ди Марцио: Елмас денеска потпишува за Наполи!

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио пишува дека Елиф Елмас денеска ќе стави потпис на договор со Наполи.

Италија

Откако вчера се збогува со Фенербахче, се очекува Елиф Елмас денеска да пристигне во Италија и да го комплетира трансферот со Наполи.

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио смета дека трансферот денеска ќе биде во целост реализиран по што македонскиот репрезентативец од утре ќе му се приклучи на тимот.

„Денеска е денот за потпис. Во текот на денот Елмас ќе пристигне и ќе биде комплетиран трансферот. Тој ќе биде ново засилување на Наполи“, пишува Ди Марцио.