24фудбал

Мундо Депортиво открива детали од предлогот на Реал, во замена за Нејмар го нудат Бејл и уште 90 милиони евра

По синоќешните стории за зделка во која Нејмар и Герет Бејл ќе ги променат клубовите, Мундо Депортиво денеска излезе со детали од предлогот на Реал.

Шпанија

Герет Бејл не е дел од плановите на Зинедин Зидан, тренерот на „кралевите“ не сметаше на Велшанецот за првиот подготвителен натпревар против Баерн и по крајот на мечот изјави дека колку побрзо напаѓачот замине толку подобро.

Зизу исто така откри дека Реал преговара за продажба на Герет Бејл и во прв момент беше објавено дека се прават напори играчот да биде продаден на клуб од Кина.

Но потоа се појавија стории за спектакуларен трансфер во кој Герет Бејл ќе заврши во Париз, а Нејмар ќе се пресели во Мадрид. Наводно луѓе од таборот на Бразилецот ги притискаат „светците“ да прифатат една ваква зделка.

Денешното издание на Мундо Депортиво носи повеќе детали, каталонскиот весник вели дека Реал Мадрид на ПСЖ му го нуди Герет Бејл и уште 90 милиони евра.

Дали овој предлог ќе биде доовоолен за да ги убеди „светците“ останува да видиме.