24фудбал

Шанса за одмазда: Ако го помине Дуделанж, Шкендија повторно ќе игра со Номе Каљу

Ждрепката за третото квалификациско коло во Лига Европа е интересна за Шкендија, тие повторно ќе можат да се сретнат со естонскиот тим Номе Каљу.

Лига Европа

Шкендија доби шанса за одмазда против Номе Каљу, тоа ќе се случи доколку нема изненадување во следните натпревари на двата тима.

Шкендија прво треба да го помине Дуделанж во второто квалификациско коло од Лига Европа, а Номе Каљу да биде елиминиран од Селтик. Исходи кои се и повеќе од реални.

Првите мечеви од третото квалификациско коло се играат на 8 август, реваншите се седум дена подоцна.