24фудбал

Зидан: Бејл не играше бидејќи тој не сакаше

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан негира дека тој не сакал да го стави Герет Бејл во игра на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен.

Шпанија

Герет Бејл не беше дел од мечот против Баерн и покрај тоа што Зидан настапи со речиси сите играчи со кои можеше.

Бејл не ни беше облечен за влез во игра, а прстот за тоа беше вперен во Зидан. Но тој сега го негира тоа.

„Не сум покажал непочитување кон никој, најмалку кон фудбалер бидејќи секогаш сум велел дека играчите се најважната работа во еден тим и секогаш сум со нив“, вели Зидан.

„На мечот со Баерн, Герет не влезе во игра бидејќи тој не сакаше. Рече дека клубот се обидува да го продаде па поради тоа нема да игра. Бејл е играч на Реал Мадрид и денеска ќе тренира нормално, а утре ќе видиме што ќе се случи“.