24фудбал

Елмас пристигна во Рим на лекарски прегледи со Наполи (ФОТО)

Елиф Елмас утрово пристигна во Рим и веднаш се упати во клиниката Вила Стуарт каде треба да ги помине редовните лекарски прегледи пред да стави потпис на договорот со Наполи.

Италија

Македонецот е пред трансфер во редовите на „наполитанците“ откако синоќа Фенербахче официјално потврди дека е постигнат договор за преселба на играчот на Сан Паоло.

Елиф Елмас утрово пристигна во Рим и веднаш се упати во клиниката Вила Стуарт. Тој сега треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да ги комплетира сите формалности.

Се очекува во следните часови да пристигне и соопштението на Наполи, а Македонецот од Рим ќе треба да се упати во Вал ди Соле, односно тренинг кампот на Наполи и да се сретне со новите соиграчи и тренерот Карло Анчелоти.