24фудбал

Агентот на Еламс откри што било пресудно за Македонецот да го избере Наполи

Елиф Елмас денеска треба да го комплетира трансферот во Наполи отако клубот од Сан Паоло по долги преговори со Фенербахче успеа да го договори Македонецот.

Италија

Елиф Елмас утрово пристигна во Рим на лекарски прегледи и до крајот на денот треба да стане ново засилување за Карло Анчелоти. Медиумите со недели шпекулираа за трансферот, но официјално сооппштение дојде дури доцна синоќа.

Агентот Џорџ Гарди, кој посредуваше при зделката и го донесе Елиф Елмас во Наполи за рекордни 19 милиони евра, сега откри дека други клубови до последен момент се обидувале да го ангажираат Македонецот.

„До последен момент неколку клубови се обидуваа да го украдат Елмас, но волјата на момчето да игра во Наполи беше пресудна. Зошто го одбра Сан Паоло за следна дестинација? Поради желбата да соработува со звучно тренерско име како Анчелоти и шансата да игра во Лигата на шампионите“ – вели Гарди во разговор со Тутомеркатовеб.

„Дека се работи за играч од голема вредност покажува фактот дека практично сите италијански клубови од горниот дел на табелата го сакаа. Дури и во странство имаше голем број на заинтересирани клубови, се работи за најголемите ширум Европа. Сега останува тој на теренот да покаже дека вреди“.

По Матајс де Лихт, Елиф Елмас е вториот играч од генерацијата 1999-та кој го одбра Калчото за следна дестинација.

„Мило ми е што Италија повторно станува атрактивна и ги привлекуваме најталентираните млади играчи. Верувам дека Елас во Наполи ќе може да созрее и да стане еден од најдобрите во Европа“.