24фудбал

Елмас ги заврши лекарските прегледи и за прв пат се појави во боите на Наполи (ВИДЕО)

Елиф Елмас попладнево ги заврши лекарските прегледи и за прв пат позираше во боите на Наполи, се очекува наскоро трансферот и официјално да биде комплетиран.

Италија

Македонецот утрово пристигна во Рим и веднаш се упати во клиниката Вила Стуарт. Околку четири часа лекарскиот тим на Наполи правеше тестови, и попладнево Елиф Елмас ги заврши прегледите.

Тој исто така за прв пат позираше во боите на Наполи и се очекува во следните часови и официјално да биде промовиран како нов играч на „наполитанците“.