24фудбал

Зидан го стави Бејл во игра, а тој веднаш даде гол (ВИДЕО)

Герет Бејл ја искористи шансата која ја доби од Зидан, даде гол во мечот меѓу Реал Мадрид и Арсенал кој заврши без победник во регуларниот дел 2-2, а по пеналите победи кралскиот клуб.

Шпанија

Герет Бејл е главна тема во изминатите денови поради лошиот однос со Зинедин Зидан кој изјави дека колку побрзо си замине Велшанецот толку подобро.

На мечот со Арсенал, Бејл доби шанса во второто полувреме и веднаш постигна гол покажувајќи дека Зидан треба да смета на него.

Арсенал поведе уште во десетата минута со гол на Лаказет од пенал. Најстрогата казна беше досудена по игра со рака на Начо.

Не поминаа ни 15 минути по водството, Арсенал поведе и со 2-0 со погодок на Обамејанг.

Во финишот од првото полувреме Сократис за само две минути успеа да заработи два жолти картони.

Во второто полувреме Зидан направи повеќе измени, во игра го пушти и Герет Бејл кој во 56. минута се најде на вистинското место и постигна гол за намалување на 2-1.

Само три минути подоцна Асенсио го израмни резултатот на 2-2. Тоа беше и конечниот исход во регуларниот дел, по што се шутираа пенали.

Во пенал рулетот Бејл го промаши ударот од белата точка, но за Арсенал не реализираа Џака, Монреал и Бартон, па Реал Мадрид на пенали го доби овој дуел.