24фудбал

Елмас стави потпис на договорт, газда Де Лаурентис му посака добредојде (ФОТО)

Елиф Елмас стави потпис на договорот со Наполи, и како што е редот, доби и добредојде од првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Италија

Македонецот е ново засилување за Карло Анчелоти откако Наполи и Фенербахче договорија трансфер вреден 16 милиони евра, плус уште 3 додатни милиони евра во бонуси.

Елиф Елмас вчера ги помина редовните лекарски прегледи и им се приклучи на новите соиграчи на тренинг кампот во Димаро. Попладнево стави и потпис на договорот, за кој се верува дека е вреден 7,5 милиони евра за пет години

И како што е редот, доби добредојде од првиот човек на клубот.

„Добредојде Елиф во Наполи“ – гласеше постот на Твитер на Аурелио Де Лаурентис, кој на овој начин ги пречекува и всушност ги потврдува новите играчи. Кратко потоа следеше и официјалното соопштение на Наполи, кое беше само формалност.

„Наполи може да соопшти дека го купи Елиф Елмас од Фенербахче“ - гласеше известувањето.