24фудбал

Елмас ги одигра првите минути во дресот на Наполи (ФОТО)

Елмас денеска го потпиша договорот со Наполи и веднаш се впушти во акција, одигра 20 минути од пријателскиот натпревар против Кремонезе.

Италија

Наполи одигра 3-3 против Кремонезе. Карло Анчелоти во 69. минута го пушти Елмас во игра. Тогаш резултатот беше 2-2.

Брзо по влегувањето на Елмас, Наполи поведе со 3-2, но потоа го пропушти водството.


Пред натпреварот Елмас со овации беше поздравен од навивачите на Наполи.