24фудбал

Елмас откри зошто одбрал голмански број (ФОТО)

Елиф Елмас денеска на прес конференција ја имаше официјалната презентација пред медиумите како фудбалер на Наполи.

Италија

Македонскиот фудбалер за прв пат седна спроти италијанските новинари и одговараше на прашања.

Тој го одбра дресот со бројот 12, што обично го носат резервните голмани, а многу ретко некои од останатите играчи, па логично едно од прашањата беше и тоа.

„Го одбрав бројот 12 бидејќи сакам да бидам посебен“, одговори Елмас.

„Среќен сум што сум тука, бев одлично пречекан од сите соиграчи. Веќе се чувствувам како дома во Неапол, има фамилијарна атмосфера“.

„Пандев ми рече да го ценам овој дрес, знам за колку важен тим се работи. Ми кажа дека ќе имам поддршка од соиграчите, и тоа е важно за мене“.

„За мене е остварување на сон што ќе играм за Анчелоти. Ќе направам се што тренерот ќе побара од мене. Се уште е рано да зборувам за тактички одлуки, но тие работи ќе останат меѓу мене и Анчелоти, поминаа само два дена, допрва ќе работиме на тактиката“.

„Се слушнав со Анчелоти пред да ја донесам одлуката, тој имаше влијание да потпишам тука“.