24фудбал

Елмас: Името на Роналдо нема вредност за мене, не ме плаши!

Елмас денеска официјално беше презентиран пред италијанските медиуми, Македонецот одговараше на прашања, а некои од нив беа и за ривалот Јувентус.

Италија

Според активностите во преодниот рок, Наполи и оваа година веројатно ќе биде најблиску до Јувентус. „Старата дама“ е најголемиот ривал на Наполитанците, па Елмас беше прашан и за тоа.

„Јасно е дека името на Роналдо во светот на фудбалот има тежина, но за мене нема вредност, не ме плаши“, вели Елмас.

„Знам за ривалството меѓу Наполи и Јувентус, ми објаснија. Тоа се два многу силни тимови, ќе биде убаво да се игра против Јувентус. Но да почекаме да се случи“.