24фудбал

Елмас: Имам многу голем сон, но се плашам да го кажам

Елиф Елмас денеска беше презентиран пред италијанските медиуми, македонскиот репрезентативец за прв пат како играч на Наполи одговараше на прашања од новинарите.

Италија

Елмас денеска ја имаше официјалната промоција како играч на Наполи. Едно од прашањата беше и за неговиот сон во кариерата.

„Имам многу голем сон, но се плашам да го кажам, ако го кажам можеби нема да се оствари“, со насмевка изјави Елмас.

„Дали Лигата на шампионите имаше влијание да потпишам за Наполи? Се разбира, јасно е тоа. Тоа беше една од причините поради која одлучив да дојдам, со Наполи ќе можам да го дадам најдоброто, да го презентирам мојот талент и да играм во Лигата на шампионите“.

Елмас треба да се бори да им фати место на некој од Фабијан и Зиелински, тоа се играчите кои играат на неговите позиции.

„Да ги знам. Би можел да бидам како нив но секој играч си има свои квалитети. Идол? Роналдињо“.