24фудбал

Реал понижен како ретко до сега, а Бејл му се смее на Зидан (ФОТО)

„Кралевите“ имаа меч за заборав против Атлетико Мадрид во САД, загубија со 7-3 а камерите во еден момент го уловија Герет Бејл со насмевка на лицето и поглед вперен кон клупата и Зинедин Зидан.

Шпанија

Градските ривали од Мадрид утрово одиграа пријателски меч во Њу Џерси, но пристапот на Атлетико беше како да се работи за меч од првенството на Шпанија или Лигата на шампионите.

Избраниците на Диего Симеоне тргнаа силно од стартот и веќе на полувреме имаа предност од 5-0. Потоа беше и 6-0 и 7-1, а Реал со два гола во финишот колку толку го ублажи поразот.

Играч на мечот беше Диего Коста, кој дури четири пати се запиша во листата на стрелците, а уште еднаш го покажа и својот темперамент и направи тепачка.

Интересен беше и еден кадар по голот на Витоло за 7-1. Герет Бејл беше уловен со насмевка на лицето и поглед кон клупата. Многумина веруваат дека Велшанецот му се смеел на Зинедин Зидан, со кого не е во добар однос и наскоро треба да го напушти Мадрид поради тоа што не е во плановите на Зизу.