24фудбал

Елмас наместо на мегдан со шампионот на Европа останува во Димаро, Анчелоти не го повика за пресметката со Ливерпул

Елиф Елмас нема да патува во Шкотска и пријателскиот меч помеѓу Ливерпул и Наполи, Карло Анчелоти реши да го остави Македонецот во Димаро да работи на својот фитнес.

Италија

Елиф Елмас нема да излезе на мегдан со шампионот на Европа. Наполи утре ќе се сретне со Ливерпул во Единбург и Карло Анчелоти денеска го објави списокот со играчи кои ќе патуваат во Шкотска.

На него не се најде името на Елиф Елмас, кој ќе остане во Димаро и ќе работи на фитнесот.

Македонецот оваа недела конечно потпиша за „наполитанците“ по долги преговори па веројатно заостанува малку зад своите нови соиграчи, кои повеќе од десетина дена веќе напорно работат во тренинг кампот.