24фудбал

Наполи без Елмас го надигра Ливерпул во Шкотска и лесно го совлада со 3-0 (ВИДЕО)

Наполи го доби контролниот меч со Ливерпул во Единбург, „наполитанците“ го надиграа противникот и го совладаа со 3-0.

Останато

На десетина дена пред почетокот на сезоната, Наполи го потсети актуелниот шампион на Европа дека нема простор за опуштање. Без Салах, Мане и Фирмино во форот, „црвените“ не беа опасни во нападот, а Наполи знаеше како да ја казни секоја грешка.

Резултатот го отвори Инсиње во 17. минута. Ориги загуби една топка, Наполи тргна во брза контра, а Италијанецот од врвот на шеснаесетникот погоди за 1-0.

Во 29. минута нова грешка на средината од теренот го чинеше Ливерпул гол, Инсиње му асистираше на Милик за 2-0.

Конечните 3-0 беа поставени на стартот од вториот дел. Инсиње доби топка во фор, овој пат Мињоле го одбрани неговиот удар, но Јунес најдобро се снајде во мешаницата која настана по одбиената топка и реализираше за 3-0.

Нашиот Елиф Елмас не беше дел од пресметката во Шкотска, тој остана во Димаро да работи на својот фитнес.