24фудбал

Дани Алвес потпиша за Сао Пауло и одбра необичен број за бек (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер, Дани Алвес се врати во својата татковина откако стави потпис на договор со Сао Пауло.

Јужна Америка

Сао Пауло се пофали дека го обезбеди потписот на Дани Алвес и тоа до декември 2022 година.

Интересно Алвес ќе го носи дресот со бројот десет кој обично им припаѓа на офанзивните фудбалери.


Тој сениорската кариера ја почна во Бахиа каде играше само една година, во 2002 се пресели во Севиља, а го носеше дресот и на Барселона, Јувентус и ПСЖ. Сега се враќа во Бразил иако се предвидуваше дека ќе одигра барем уште една сезона во Европа.