24фудбал

Санчо најпрво асистираше па со гол низ нозете на Нојер донесе победа за Дортмунд против Баерн (ВИДЕО)

Младиот Џејдон Санчо блескаше против Баерн Минхен и донесе победа за Борусија Дортмунд во првото „Дер Класикер“ и трофеј од Суперкупот на Германија.

Германија

Првото дерби помеѓу лутите ривали Борусија и Баерн му припадна на тимот од Дортмунд. Вечерва на Сигнал Идуна Парк, „милионерите“ со 2-0 ги совладаа „баварците“ во Суперкупот на Германија.

Првото полувреме донесе возбудлив фудбал со шанси на двете страни но мрежите мируваа. Сепак резултатот беше отворен веќе на стартот на вториот дел.

Санчо му асистираше на Алкасер, кој од врвот на шеснаесетникот прецизно биеше по земја за 1-0. Победата беше осигурана во 69. минута, кога Санчо повлече една контра, тргна сам да завршува и низ нозете на Нојер ја затресе мрежата за 2-0.