24фудбал

Големите клубови во Европа веќе не го сакаат, Балотели пред трансфер во Бразил

Марио Балотели веќе не е атрактивен фудбалер за европските клубови, напаѓачот сега има понуди од Бразил.

Јужна Америка

Балотели е слободен фудбалер откако си замина од Марсеј минатиот месец. Тој веќе нема понуди од атрактивни европски клубови па можеби ќе го смени континентот.

„Скај Италија“ информира дека Фламенго му нуди двеиполгодишен договор на Марио Балотели.

Но тој не би бил единствениот Балотели во Бразил. Боависта од Рио де Жанеиро му понудила договор на Енок Балотели, братот на Марио.

Останува да видиме во кој правец ќе се движи кариерата на Балотели кој важеше за голем талент но поради неговото проблематично однесување никогаш не го исполни потенцијалот кој го имаше.