24фудбал

Дали Реал Мадрид најде купец за Герет Бејл? Велшанецот со помош на Адидас ќе заврши во Баерн Минхен!

Шпанскиот весник АС доцна вечерва објави дека Герет Бејл би можел да заврши во Баерн Минхен, германскиот производител на спортска опрема Адидас треба да помогне за комплетирање на трансферот.

Германија

Зинедин Зидан не смета на Герет Бејл, па Реал Мадрид се обидува да му најде нов клуб на играчот. Тој беше на чекор до преселба во Џиангсу Сунинг за богата плата, но „кралевите“ во последен момент стопираа се и трансферот пропадна.

Кина повеќе не е опција откако трансфер пазарот затвори на 31. јули, а наскоро опција нема да биде ниту враќање на Велшанецот во Премиерлигата со оглед на тоа дека преодниот рок во Англија трае до четврток (8. август).

Па Реал Мадрид ќе нема многу голем избор. АС доцна вечерва пренесе дека сламка за спас може да биде Баерн Минхен. Весникот пишува за слична зделка како онаа со која Хамес Родригез се пресели на Алианц Арена на двегодишна позајмица, а „баварците“ имаа и опција да го купат играчот во целост за 42 милиони евра.

Во моментов ниту Реал ниту пак Бејл не помислуваат за позајмица, но како ќе одминува времето, можно е да бидат променети статовите. За реализирање на трансферт треба да помогне и германскиот производител на спортска опрема Адидас.

„Не заборавајте дека Бејл е спонзориран од Адидас, кој исто така е спонзор на Баерн и има инвестирано многу пари во клубот од Михен“ – вели извор запознаен со случувањата на Алианц.