24фудбал

Академија Пандев го доби дербито со Шкендија во првото коло од ПМФЛ

Домаќините без грешка на стартот од новата сезона во ПМФЛ, Акдемија Пандев го доби дербито со Шкендија, Сашко Пандев донесе триумф од 1-0 за домаќините.

Македонија

Стартуваше новата фудбалска сезона во Македонија, на четирите денешни натпревари, домаќините забележаа исто толку победи.

Во дербито на колото, Акдемија Пандев го совлада актуелниот шампион Шкендија со 1-0. Единствениот гол на мечот го постигна Сашко Пандев по десетина минути игра во второто полувреме.

Со ист резултат, Ренова го совлада Силекс, Шкупи со 2-1 триумфираше над Борец а новајлијата Струга со 2-1 славеше во пресметката со Работнички.

Утре на програмата е дуелот помеѓу Вардар и Македонија ЃП.