24фудбал

Надмудрувањата на ученикот и учителот, како ќе се разреши тријаголникот Икарди-Дибала-Џеко?

До крајот на трансфер паазрот во Италија има уште три недели, период во кој треба да се разреши трансфер сагата која се влече со месеци и иднината на Мауро Икарди, Пауло Дибала и Един Џеко.

Германија

Бепе Марота и Фабио Паратичи соработуваа повеќе од една деценија, двајцата беа дел од раководствто на Удинезе, а кога Бепе Марота во 2010 доби шанса да го гради новиот тим на Јувентус, со себе го повлече и Фабио Паратичи.

Но двајцата сега се лути ривали на трансфер пазарот, Бепе Марота креира нов проект на Интер на чело со Антонио Конте, а Фабио Паратичи треба да ја продолжи доминацијата на „старата дама“ во Италија но и да состави екипа кој ќе го осови трофејот од Лигата на шампионите.

Бепе Марота ова лето веќе издвојува една битка и го победи својот пријател за потписот на Ромелу Лукаку. Но надмудрувањата допрва ќе почнат, треба да се разреши трансфер сагата која се влече со месеци и да се реши иднината на Мауро Икарди, Пауло Дибала и Един Џеко.

Мауро Икарди е желба на Јувентус, Наполи и Рома. „Наполитанците“ се подготвени да понудат 55-60 милиони евра, додека пак Рома го нуди Един Џеко и додатни 30 милиони евра (Интер бара барем уште 10-15 милиони евра).

„Бјанконерите“ во моментов се резервирани поради пактот кој Фабио Паратичи го има со Ванда Нара. Аргентинецот треба да ги одбие сите понуди кои ги има и да чека до крајот на август за Јувентус да го купи за 40 милиони евра, а не за 60-70 милиони колку што сега бара Бепе Марота.

Се говори дека Фабио Паратичи има пакт и со Рома, односно „волчицата“ да постави висока барања за Един Џеко лесно да не замине од Рим. И покрај тоа што Босанецот има само уште една година од договорот, Рома за него бара преку 20 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од сумата за која имало подадено рака со Интер по крајот на минатата сезона (12 милиони евра). „Волчицата“ во Јувентус има и план Б за засилување на нападот, односно потпис со Гонзало Игуаин.

Бепе Марота пак има свои адути и ќе се обиде да го добие Пауло Дибала како дел од трансферот на Мауро Икарди. Има одличен однос со Аргентинецот, токму тој го донесе од Палермо во Јувентус, и се надева дека ќе може да го убеди дека Милано и Џузепе Меаца се правата дестинација за него.

Пауло Дибала веќе одби трансфери во Манчестер јунајтед и Тотнем, но има уште една опција, односно преселба во ПСЖ каде веројатно ќе треба да го замени Нејмар.

До крајот на трансфер пазарот во Италија има уште три недели, па останува да видиме кој ќе испадне како подобар, учителот или ученикот.