24фудбал

Кутињо би можел во Баерн Минхен, Германците го посакуваат Бразилецот на позајмица

По истата „формула“ како во ангажманот на Хамес Родригез, кој се врати во Реал Мадрид, „Баварците“ посакуваат да дојдат до потписот на ѕвездата на Барселона која се' поизвесно е дека уште ова лето ќе си замине од „Камп Ноу“.

Германија

Баерн Минхен преговара со Барселона за ангажман на Филипе Кутињо, а Германците посакуваат да го доведат Бразилецот во своите редови како позајмен фудбалер, дополнително и да имаат опција да го откупат неговиот договор со Каталонците, пренесува „РАЦ1“.

Кутињо има неизвесна иднина во дресот на Барселона, од поодамна се наведува како фудбалер кој е на излезна врата од „Камп Ноу“, па дури и се споменуваше дека Каталонците сакале да го искористат во понудата за Нејмар од ПСЖ.

Бразилецот се пресели на „Камп Ноу“ во јануари ланската година, а неговиот тогашен трансфер од Ливерпул изнесуваше цели 160 милиони евра, меѓутоа извесно е дека Каталонците сега сакаат да се ослободат од неговите услуги а воедно и да се ослободат од „вишокот“ во својот состав.

ПСЖ исто така се споменуваше како клуб кој е сериозно заинтересиран за услугите на Кутињо, меѓутоа извесно е дека освен Иван Перишиќ, Баерн Минхен ќе доведе уште едно звучно засилување во својот состав.