24фудбал

Мегваер можел и порано во дресот на Манчестер јунајтед, но Мојс имал бизарна причина зошто не го ангажирал

26 годишниот дефанзивец доби високи оценки во воведното коло од Премиерлигата каде Манчестер јунајтед со 4-0 го понижи Челси на свој терен, тој потпиша договор по трансфер вреден цели 80 милиони фунти.

Англија

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, доста критикуван во неговиот период откако го наследи легендарниот Алекс Фергусон, Дејвид Мојс откри дека го скаутирал Хари Мегваер уште во периодот кога тој настапувал во Шефилд јунајтед.

Англискиот репрезентативец кој важи за еден од најдобрите стопери во Премиерлигата ова лето потпиша за „Црвените ѓаволи“ по неговиот трансфер од Лестер кој чинеше цели 80 милиони фунти, претходно беше дел од редовите на Шефилд Јунајтед и Хал.

Во текот на периодот минат во дресот на Шефилд Јунајтед, Мегваер бил под будно око скаутиран од страна на Мојс, меѓутоа шкотскиот фудбалски стратег признава дека се повлекол поради неговата големина.

Не се ни обидовме да го ангажираме во тој период бидејќи се повлековме, јас бев свесен за одредениот квалитет кои го поседуваат фудбалерите од пониските лиги, направив добра кариера доведувајќи ги во Евертон“ вели Мојс за „Дејли Мејл“.

Хари Мегваер беше еден од неколкуте кои јас ги препознав, играше против Престон на домашен терен во еден лигашки меч, го следев неговиот настап и одигра одлично, меѓутоа во тој период беше премногу голем, си помислив Боже, колку ли голем би бил Хари...“ посочи Шкотланѓанецот алудирајќи и на младите години на Мегваер кој во тој период се развивал.