24фудбал

Адеми погоди за водство на Динамо Загреб против Ференцварош (ВИДЕО)

Македонецот во манир на расен стрелец погоди против унгарската екипа, а со тоа му донесе барем за момент поволен статус на Динамо Загреб во обидите за пласман во следната рунда квалификации.

Македонија

Динамо Загреб тргна со водство на гостувањето кај Ференцварош во Унгарија во реванш пресметката од третото квалификациско коло за место во групите од Лигата на шампионите, а токму нашиот репрезентативец Аријан Адеми беше фудбалерот кој донесе водство за „Модрите“.

Адеми мошне вешто реагираше во казнениот простор на домаќините во 16. минута откако доби употреблива топка и биеше во манир на расен стрелец во голот на противникот за почетно водство за хрватскиот првак.


Во првата пресметка помеѓу овие две екипи резултатот беше израмнет и гласеше 1-1, а со моменталниот резултат Динамо Загреб продолжува во плејоф рундата од квалификациите.