24фудбал

Ференцварош посрамотен на свој терен од Динамо Загреб, гол и асистенција на Адеми во убедливата победа (ВИДЕО)

Македонецот со гол и асистенција беше еден од двигателите во играта на хрватскиот првак кој продолжи во плејоф рундата од квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Македонија

Хрватскиот првак Динамо Загреб ја наполни до врв мрежата од голот на Ференцварот и тоа на негов терен во реванш пресметката од третото квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Динамо Загреб откако одигра реми со резултат 1-1 на домашен терен, на гости вечерва во реваншот славеше убедливо со 0-4, а токму нашиот репрезентативец Аријан Адеми беше еден од двигателите во играта на победничкиот табор.

Адеми најпрво во 16. минута го постигна првиот гол за „Модрите“, за веќе во 55. минута да асистира во третиот гол за Динамо Загреб кој во самиот финиш промаши од белата точка за петарда во Будимпешта.