24фудбал

Деби од соништата за Де Роси во Бока, гол и овации од „Ла Бомбонера“ (ВИДЕО)

Даниеле Де Роси утрово имаше деби од соништата за Бока Јуниорс, Италијанецот постигна гол и доби овации од „Ла Бомбонера“ на дуелот со Алмагро во Купот на Аргентина.

Јужна Америка

Иконата на Рома реши кариерата да ја продолжи во Аргентина откако не доби нов договор од „волчицата“ и потпиша за Бока Јуниорс.

Утрово тој го имаше своето деби, и успеа да се запише во листата на стрелци во првото појавување во „сино-златниот“ дрес. По еден корнер на средината од првиот дел, Даниеле Де Роси најдобро се снајде и погоди со глава. Италијанецот веднаш доби овации од „Ла Бомбонера“.