24фудбал

Агентот на Нејмар преферира Бразилецот да заврши во Реал Мадрид, причината е едноставна, ќе добие многу пари

Агентот на Нејмар, Пини Захави преферира Бразилецот ова лето да се пресели на Сантијаго Бернабеу, бидејќи ваков транфер ќе биде прилично лукративен и за него.

Шпанија

Напаѓачот сака да замине од Париз и преферира да се врати на Камп Ноу. Но преговорите не се лесни па Реал замешува прсти и би можел да го украде Бразилецот.

Според „Ле Парисиен“, и агентот на Нејмар е поборник за преселба во Мадрид. Се работи за Израелецот Пини Захави, кој е севесен дека трансфер на Сантијаго Бернабеу ќе му донесе многу поголема провизија.

Тој посредуваше и при рекордниот трансфер на Нејмар од Барселона во ПСЖ пред две години, и тогаш се говореше дека си обезбедил убава провизија од 35 милиони евра. Сигурно и сега ќе добие богата награда доколку се погрижи Бразилецот наместо во Барселона да заврши во лутиот ривал Реал.