24фудбал

Перишиќ со емотивно писмо до фановите на Интер (ФОТО)

Шпекулациите велат дека клаузулата за откуп на договорот на Хрватот со „Нероаѕурите“ ќе ги чини Германците 25 милиони евра, што се однесува пак до позајмицата, истата ќе чини пет милиони евра.

Италија

Иван Перишиќ и официјално се пресели во редовите на Баерн Минхен каде во новата сезона ќе настапува како позајмен фудбалер, а „Баварците“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор.

Хрватот не заборави да се збогува со фановите на Интер, па така во долга порака на социјалните мрежи упати благодарност до нив за несебичната поддршка во периодот минат во Милано.

Се обраќам на сите вие кои бевте дел од мојот професионален живот изминатите четири години. Прво, до фановите: ви благодарам од срце, за вашата постојана поддршка како во лесните, така и во тешките моменти“ напиша 30 годишниот Хрват.

Секако, не можам да го заборавам и клубот на генерално ниво. До сите членови на стручниот штаб, тренерите и соиграчите, вашите совети и искуство секогаш ќе бидат засекогаш дел од мене како личност и како фудбалер“ заклучи Перишиќ.