24фудбал

Рашфорд: Тешките моменти од лани донесоа сплотување на тимот

Напаѓачот од Манчестер јунајтед навестува уште подобри резултати од неговата екипа која на стартот од Премиерлигата стартуваше со убедлива победа над Челси пред своја публика во дербито на колото.

Англија

Маркус Рашфорд верува дека Манчестер јунајтед ќе биде многу посилен оваа сезона по ланската исклучително тешка сезона за тимот кој мака мачеше под водство на Жозе Мурињо, а ситуацијата во голема мера се промени по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер.

Триумфот од 4-0 над Челси во воведното коло од Премиерлигата навести подобри резултати од „Црвените ѓаволи“ кои лани завршија на шестото место на табелата во најсилниот англиски фудбалски шампионат, а Рашфорд инсистира на тоа дека ланското искуство ќе им помогне во голема мера.

Кога ќе погледнам назад, мислам дека тоа што се случуваше дефинитивно не спои сите заедно, чувствувам дека ние сите разбираме дека не смееме да ја стартуваме оваа сезона на начинот на кој тоа го сторивме лани, а воедно како што и завршивме на крајот“ посочи напаѓачот на Манчестер јунајтед.

Во средината од сезоната ние се препородивме, тоа беше вистинскиот Манчестер јунајтед, онаков каков што треба да биде секој ден, да не заборавиме дека на Божиќ никој не очекуваше дека ќе бидеме во топ четирите во Премиерлигата, тргнувајќи од тоа, од позицијата во која сите се најдовме, беше тешко...“ заклучи Рашфорд.