24фудбал

Мане донесе израмнување за Ливерпул (ВИДЕО)

Челси го загуби барем за момент водството од првиот дел во мечот против Ливерпул во рамките на европскиот Суперкуп кој се одржува во Истанбул.

Останато

Нови возбудувања во второто полувреме на Суперкупот откако по само три минути игра во вториот дел Мане донесе израмнувачки погодок на пресметката во Истанбул.

По асистенцијата на Фирмино, Мане донесе израмнување за Ливерпул по една конфузија во дефанзивната линија на Челси, а на Мане воопшто не му беше тешко да ја протне топката во празниот гол на противникот.