24фудбал

Заборавија на новото правило, одбранетиот пенал на Адриан не требаше да важи, требаше да биде поновен (ФОТО)

Ливерпул синоќа беше подобар на пенали од Челси и го освои Суперкупот на Европа, херој на мечот беше голамнот Адриан кој го одбрани пеналот на Абрахам, но Шпанецот ги прекрши новите правила при реакцијата.

Останато

Адриан пред само десетина дена потпиша за „црвените“ по продажбата на Симон Мињоле, и требаше да има ограничена минутажа како замена за Алисон Бекер. Но Бразилецот се повреди во првото коло, па Шпанецот вчера беше стартер во Суперкупот на Европа.

Tој на крајот испадна херој откако го добрани пеналот на Абрахам и му донесе трофеј на Ливерпул.

Но неговата реакција при интервенцијата ги прекрши новите правила на ФИФА. Голманот со едната нога мора да гази на гол линијата, во спротивно пеналот ќе се изведе одново. Ваквите насоки строго се спроведуваа на Светското првенство за жени ова лето, и во три наврати беа поновени пенали.

Судијката Фрапар, која синоќа испиша историја и стана првата жена која суди големо машко финале, беше дел од Светското првенство и гледаше како нејзините колешки со помош на ВАР наредуваат одново да се шутира од белата точка, но таа синоќа не реагираше.

Имено од повторените снимки јасно се гледа Адриан со двете нозе стоеше пред гол линијата при обидот на Абрахам, па фановите на Челси веднаш реагираа на социјалните мрежи и прашуваа зошто немало никаква реакција од судиите.