24фудбал

ПСЖ ќе го продаде Нејмар на Барса, но само доколку го добие тоа што го сака

ПСЖ нема намера евтино да се откаже од Нејмар, тие прифаќаат тој да биде продаден на Барселона, но само под нивни услови.

Франција

Реномираниот француски весник „Л'Екип“, пишува дека ПСЖ сака од Барселона двајца играчи плус најмалку 100 милиони евра.

Леонардо ја одбил идејата да го пушти Нејмар на позајмица, ПСЖ игра тврдо но е подготвен да се откаже од Бразилецот, сепак под услови кои тешко се исполнуваат.

Бараната сума е минимум 100 милиони евра, но и двајца играчи по нивни избор. Тие се интересираат за Кутињо, Самедо и Дембеле.

Барселона во моментов прифаќа само еден фудбалер да испрати во спротивен правец.

Останува да видиме како ќе заврши трансфер сагата за Нејмар која трае цело лето.