24фудбал

Барселона без Меси ќе ја почне новата сезона

Барселона вечерва ja отвара новата сезона во Примера со гостувањето кај Атлетик Билбао, Валверде нема да може да смета на Лео Меси за првиот меч.

Шпанија

Меси има повреда и беше под знак прашалник за мечот со Атлетик Билбао. Валверде потврди дека нема да ризикува со својот најдобар фудбалер.

„Нема да ризикуваме со Лео. По повредата тој се уште не тренирал со тимот. Ќе видиме, се опоравува добро, но нема да ризикуваме“, вели Валверде.

Денешниот натпревар на Барселона со Атлетик Билба почунва од 21 часот, тој го означува и стартот на новата сезона во Примера.

Прогнозата е дека Меси ќе биде подготвен за следниот меч на Барса, кога на 25 август на Камп Ноу пристигнува Бетис.