24фудбал

Не постигна гол во победата на „Кралевите“ кај Селта, но ги доби најголемите пофалби од Зидан

„Марка“ пишува дека Бразилецот добил големи пофалби од страна на Зидан за своето издание против Селта, бил доста вешт по левата страна и во голема мера му помогнал на својот сонародник Марсело.

Шпанија

Винисиус Жуниор беше стартер во победата на Реал Мадрид кај Селта во воведното коло од Примера кое се одигра викендов, во кое тимот на Зинедин Зидан тргна убедливо со победа од 1-3.

Иако не постигна гол во победата, токму младиот Бразилец бил фудбалерот кој добил најмногу пофалби за својата игра на теренот од страна на францускиот фудбалски стратег кој играше со Винисиус седо 69. минута кога реши да го повлече од игра, а до тој момент резултатот беше 0-2 во корист на Реал Мадрид.

„Марка“ пишува дека Зидан бил посебно импресиониран од играта на Винисиус која имала и дефанзивни задачи, а со тоа во голема мера му помогнал на својот сонародник Марсело по левата страна.

Познато е дека големото засилување Еден Азар ќе отсуствува неколку седмици од терените поради повреда, па така тоа е шанса за Винисиус да добие минута повеќе на натпреварите за Реал Мадрид.