24фудбал

Вулверхемптон и Манчестер јунајтед ремизираа, Руи Патрисио рефлексно му одбрани пенал на Погба (ВИДЕО)

Со вечерашната пресметка се спушти завесата од второто коло во новата сезона од Премиерлигата, Манчестер јунајтед имаше прилика да направи низа од две победи, меѓутоа беше сопрен од незгодниот Вулверхемптон.

Англија

Вулверхемптон и Манчестер јунајтед ги поделија бодовите играјќи реми со резултат 1-1 во последниот меч од второто коло во Премиерлигата, резултатот по првите 45 минути игра гласеше 0-1 во корист на „Црвените ѓаволи“.

Марсијал во 27. минута ги доведе гостите во водство од 0-1 кои со таа предност заминаа на паузата, меѓутоа по само десет минути игра во второто полувреме Невеш со еден спектакуларен гол израмни на 1-1.

Манчестер јунајтед имаше прилика повторно да дојде до водство откако беше направен прекршок за најстрога казна врз Погба, а истиот фудбалер во 68. минута не успеа да погоди од белата точка по одличната реакција на Руи Патрисио, а резултатот 1-1 остана до крајот на пресметката.