24фудбал

ПСЖ и дава надеж на Барса: Отворени сме за позајмица на Нејмар, но под одредени услови

Францускиот весник Л’Екип објави изјава од извор од ПСЖ кој вели дека „светците“ се отворени за идеата Нејмар да се пресели на Камп Ноу на позајмица но под одредени услови.

Франција

Лидерите на Барселона синоќа имаа средба на која требаше да ја состават финалната понуда за Нејмар која денеска или утре формално во пишана форма ќе биде доставена до ПСЖ.

Откако Филипе Кутињо беше испратен во Баерн Минхен, на сите им е јасно дека „каталонците“ имаат само една алтернатива: позајмица со право на откуп (некои извори велат дека опцијата ќе биде обврзувачка).

Во преговорите кои претходно се водеа кога на маса имаше неколку фудбалери за трампа, ПСЖ инсистираше да добие и одредена сума (околу 100 милиони евра) за да може да донесе соодветна замена за Бразилецот.

Па логично е шампионот на Франција и сега да го бара истото, но според пишувањата на Л’Екип, „светците“ би можеле да направат компромис.

„Отворени сме за зделка, но мора да бидат исполнети одредени финансиски услови. Формулата за позајмица со право на откуп не е целосно отфрлена во Париз, но сето тоа мора да биде реализирано под оредени услови“ - вели извор од ПСЖ за Л’Екип.

Сепак, Ле Парисиен има поинаква сторија и вели дека нема шанси ПСЖ да прифати позајмица. Весникот потенцира дека лошиот однос помеѓу двата клуба и нетрпеливоста која владее е главна пречка за реализирање на ваков трансфер.