24фудбал

По промашениот пенал Погба бил мета на расистички напади, Јунајтед е згрозен

Манчестер јунајтед не го победи Волвс, а можеше да го стори тоа доколку Погба погодеше од пенал, Французинот го навлече гневот на навивачите, на некои од нив и расистички го навредувале.

Англија

Погба за 12 месеци има промашено четири пенали, но тоа не го спречува да ги изведува. Таквиот негов однос ги иритира фановите, на некои од нив ја преминале границата.

На социјалните мрежи имало навреди на расна основа кон Погба. Манчестер јунајтед е згрозен и се закани дека ќе преземе акција против непримерните навивачи.

„Сите во Манчестер јунајтед се згрозени од расистичките навреди кон Пол Погба минатата ноќ. Индивидуалците кои се изразуваат така не ги претставуваат вредностите на нашиот голем клуб. Манчестер јунајтед има нулта толеранција за било каква форма на расизам или дискриминација. Работиме на тоа да ги идентификуваме неколкуте инволвирани во овие инциденти и да преземеме акциите кои ни се на располагање. Ги замолуваме социјалните медиуми како компании да преземат акција во овие случаи“, стои во дел од соопштението на Јунајтед.