24фудбал

Во Италија тврдат дека Рибери се договорил со Фиорентина, познати се деталите

Ветеранот не се откажува, на 36 години ќе настапува во италијанската Серија А, Фиорентина е неговата следна дестинација каде треба да се пресели како слободен играч на трансфер пазарот.

Италија

„Скај Спорт Италија“ е еден од неколкуте медиуми во Италија кој веќе пренесе дека ветеранот Франк Рибери се договорил со Фиорентина, а со ова е на повидок остварување на најавите кои веќе извесен период се шират низ италијанските медиуми.

Според информациите, Рибери ќе потпише двегодишен договор со Фиорентина, а медицинските прегледи се предвидени за во текот на утрешниот ден, неофицијално, во Италија пренесуваат дека Французинот ќе заработува 4 милиони евра, а дополнително и 500,000 евра во бонуси на годишно ниво.

Рибери во април наполни 36 години, стана слободен агент на трансфер пазарот откако мина цели 12 сезони во дресот на Баерн Минхен, меѓутоа, извесно е дека Французинот се уште не го кажал својот последен збор, а ќе има прилика и да настапува во Серија А.