24фудбал

Солскјер конечно го направи тоа што одамна требаше, одбра кој ќе биде прв изведувач на пенали во Јунајтед

Требаше да се случи ситуацијата со промашениот пенал против Волвс за Оле Гунар Солскјер да одлучи кој ќе биде прв изведувач на ударите од белата точка во Манчестер јунајтед.

Англија

Во првите две кола од Премиерлигата, Манчестер јунајтед имаше два пенали, првиот го реализираше Рашфорд, вториот го промаши Погба.

Пеналот на Погба крена многу реакции. Тоа беше неговото четврто промашување на пенал за 12 месеци, но и покрај тоа се одлучи да шутира, игнорирајќи го фактот што Рашфорд погоди против Челси.

Солскјер по мечот се правдаше дека остава Рашфорд и Погба да се договорат кој ќе шутра пенал, но тоа наиде на лавина критики.

Тренерот е тој кој треба да одлучи кој ќе шутира пенал, така би се избегнале сите недоразбирања.

Според англиските медиуми, по случајот кај Волвс, Солскјер одлучил Рашфорд да биде првиот изведувач на пенали и тоа им го соопштил на фудбалероте.

Два бода се загубени, но отсега не би требало да има дилеми околу изведувачот на пенали, Маркус Рашфорд ќе биде првиот пеналџија на Манчестер јунајтед.