24фудбал

Салах не е фан на ВАР, го сака фудбалот со грешки на судиите и додава: За мене ќе донесе повеќе пенали

Мохамед Салах вели дека е против видео технологијата и покрај тоа што ВАР веројатно ќе му донесе повеќе пенали, Египјанецот го сака фудбалот со грешките на судиите и играчите.

Англија

Од оваа сезона во Премиерлигата почна да се користи ВАР и веќе имаше неколку контроверзни ситуации. Најмногу прашина се крена на дуелот помеѓу Манчестер Сити и Тотнем, кога во последните мигови од мечот беше понитешн гол за победа на „граѓаните“. Претходно исто така имаше уште една спорна ситуација кога видео технологијата не се огласи за пенал во корист на домаќините по еден старт над Родри.

Мохамед Салах во интервју со СиЕнЕн уште еднаш повтори дека не е фан на ВАР и покрај тоа што видео технологијата веројатно ќе му донесе повеќе пенали. Фудбалерот на Ливерпул вели дека го сака фудбалот со грешките на судиите и играчите.

„Не ми се допаѓа ВАР, секогаш сум го велел тоа. Ми се допаѓа фудбалот каков што е сега... со грешките на судиите, со агресивните стартови на противниците“ – вели Египјанецот.

„Да, понекогаш е добро да се заштитан играчите од опасни стартови. И ако веќе треба да се применува видео технологија, нека биде за да се заштитат фудбалерите“.

„Јас го прифаќам фудбалот со грешките на судиите, грешките на играчите. На овој начин фудбалот е повозбудлив“.

„Со ВАР е премногу фер. Во финалето од Лигата на шампионите минатата сезона добив пенал со ВАР, и беше примамливо, но премногу е фер, мене ми се допаѓа кога има грешки“.

Запрашан какво ќе биде влијанието на ВАР врз играта, Мохамед Салах со насмевка на лицето вели: „Повеќе пенали за мене, ќе видите“.