24фудбал

Иднината на Нејмар не е единствената грижа на ПСЖ, соблекувалната се кренала на нозе, има бунт против Тухел

Раководството на ПСЖ има полни раце работа, желбата на Нејмар да замине не е единствената грижна на „светците“, се поголем е раздорот помеѓу соблекувалната и тренерот Томас Тухел.

Франција

Сапуницата наречена Нејмар и желбата на Бразилецот да замине од Париз не е единствениот проблем на „Паркот на принцовите“. Медиумите пишуваат дека се поголем е раздорот помеѓу соблекувалната и тренерот Томас Тухел.

Поразот кај Рен во неделата ја кренал соблекувалната на нозе, дел од играчите се побуниле на методите на Германецот и потезите кои ги влече.

Наводно фудбалерите се помалку и помалку ги разбираат замислите на стратегот, па дури и не знаат со каква формација играат. За некои, Германецот не работи доволно на тактиките, а многумина не можат да разбираат како Јулијан Дракслер се нашол во стартниот состав на дуелот со Рен.