24фудбал

Алиоски одигра цел меч, Лидс до победа за прво место (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч во кој домаќините триумфираа со минимални 1-0 за прво место на табелата.

Македонија

Езгјан Алиоски за прв пат одигра цел меч оваа сезона. Македонецот се мачеше со повреда од финишот на минатата сезона, па првите натпревари ги стартуваше од клупата за резерви.

Вечерва против Брентфорд доби шанса од првата минута и солидно се покажа во триумфот од 1-0. „Белите“ долго време се мачеа да го скршат отпорот на гостите и до голот вреден три бода стигнаа во финишот од мечот кога по една добро изработена акција осамениот Нкетија рутински реализираше од пет метри и ја затресе празната мрежа.

Со овој триумф, Лидс е на врвот на табелата во Чемпионшип со 10 бода по четири одиграни кола.