24фудбал

Официјално: „Јапонскиот Меси“ му стана соиграч на Трајковски во Мајорка

Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки за „Кралевите“, кои му овозможија да се пресели во клуб каде сигурно ќе добива поголема шанса за докажување отколку што би имал таква прилика во тимот под кормилото на Зидан.

Шпанија

Големата надеж на Реал Мадрид, 18 годишниот Такефуса Кубо и официјално се пресели во редовите на старо-новиот шпански прволигаш Мајорка, а во новата сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во таа екипа каде летово трансфер направи нашиот репрезентативец Александар Трајковски.

Уште во текот на вчерашниот ден неколку медиуми во Шпанија пренесоа дека Реал Мадрид и Мајорка постигнале договор околу позајмицата на младиот Јапонец, иако се споменуваше и Реал Валјадолид како опција за Кубо.

Кубо воедно станува третиот Јапонец кој ќе настапува во дресот на Мајорка, по Јошито Окубо и Акихито Јенага.