24фудбал

Неколку стотици милиони евра, медиумите од Шпанија откриваат каков договор побарал Нејмар

Емисијата „Хугонес“ пренесува за личните услови на Нејмар кои Барса или Реал Мадрид ќе треба да ги исполнат, Бразилецот бара петгодишен договор и 35 милиони евра нето по сезона.

Шпанија

Изминатиов период имаше најразлични гласини за тоа што ПСЖ бара за да се раздели со Нејмар и што нудат Барса, Реал Мадрид па и Јувентус.

Емисијата „Хугонес“ сега пренесува за лучните услови на Бразилецот кои ќе треба да бидат исполнети од клубот кој ќе се договори со „светците“.

Напаѓачот бара петгодишен договор и 35 милиони евра нето по сезона. За Реал и Барселона, оваа бројка значи 70 милиони евра бруто (уште 35 милиони евра даноци), односно 350 милиони евра за целиот договор.

Во Италија од неодамна има измени во законите и поовластени даночни стапки, па трошкот на Јувентус нема да биде толку голем.