24фудбал

ПСЖ од Премиерлигата за 109 милиони евра ќе ја купува замената за Нејмар

Останува уште една недела до крајот на преодниот рок а трансфер сагата за Нејмар се уште трае, очекувањата се дека ќе заврши во наредните неколку денови.

Франција

Времето изминува, ПСЖ мора брзо да реагира и да реши дали ќе го продава Нејмар или тој ќе остане во нивниот клуб.

Информациите од Англија велат дека претставници на ПСЖ одат во Лондон каде ќе се обидат да го купат Вилфрид Заха.


Сумата која ќе треба да ја платат за играчот на Кристал Палас изнесува 109 милиони евра.

Англиските клубови не можат веќе да купуваат ова лето бидејќи преодниот рок за нив заврши, но се верува дека за оваа сума Кристал Палас ќе го даде Заха на ПСЖ.

Барселона и Реал Мадрид постојано се поврзуваат со Нејмар, останува да видиме кој ќе го добие класикото за Бразилецот, трет играч во трката е Јувентус.